ART AQUA е бренд на фирмата ПостМодерна, која е меѓу првите фирми во Македонија специјализирана за опремување на бањи (увоз, трговија и комплетна изведба). Од 1997 година успешно опстојува на македонскиот пазар и веќе е препознатлив бренд кој нуди висок и гарантиран квалитет на своите услуги. Модерниот дизајн и високиот квалитет на нашите производи ја потврдуваат нашата цел секогаш да бидеме во тек со најновите трендови на европскиот пазар и да понудиме на купувачите модерен, квалитетен и функционален производ. Нудиме голем избор на санитарија, кади, хидромасажни системи, туш кабини и туш кади, мебел за бањи, батерии,тушеви и галантерија. Благодарение на децениското искуство, најпрепознатливи сме по тоа што секогаш инсистираме на опрема која е внимателно избрана по квалитет и модерен дизајн.


Широкиот асортиман на производи е од реномирани италијански производители (CERAMICA GRAVENA, GSG, HATRIA, FRIGES, REMER, FIORE, EFFEPI и др.), словенечки производители (KOLPA, REFLEX, ARMAL, UNITAS HERC, MINES и др.) и познатиот хрватски производител AQUAESTIL. Професионалната услуга и, што е многу важно, познавањето на техничките карактеристики на тоа што го нудиме се главна карактеристика на нашиот бренд ART AQUA. Нашиот стручен и работен потенцијал и долгогодишното искуство ви дава гаранција дека ќе ги исполниме Вашите очекувања. Вашата бања е место каде што ја одржувате Вашата лична хигиена, извор на здравје, огледало на вашиот дом. Но исто така, Вашата бања може да е и катче во кое може неверојатно да уживате во танц со водата.