Kаленото стакло е стакло кое по обработката се кали на многу висока температура. Откако е добиен краен кален производ, повеќе не може да се обработува (не се крати, буши или обликува). Секоја туш кабина, која е од калено стакло, треба да има заштитен жиг (печат) што е доказ дека кабината е од калено (сигурносно) стакло. По сите европски и светски стандарди не смеете да ризикувате и во вашата бања да ставите туш кабина со сомнително потекло без жиг, бидејќи тоа може да биде опасно. Каленото стакло за разлика од другите стакла потешко се крши, но ако се скрши, се рони и не остава опасни остри врвови кои може да ве повредат.